Агенти за продажни салони (работа со скратено работно време од 30 часа неделно)
Започни го твоето работно искуство со Македонски Телеком и Мелон Солушнс!
Доколку си студент, матурант или младо лице кое сака да стекне работно искуство, да запознае нови луѓе и да работи во динамична средина – ова е вистинската можност за тебе!
Што ќе работиш?
- Ќе ги пречекуваш и насочуваш корисниците во продажниот салон;
- Ќе бидеш дигитален амбасадор на Телеком и ќе им помагаш на корисниците со дигиталните услуги;
- Ќе им помагаш на корисниците при плаќање на сметки на платомат;
- Ќе му помагаш на продажниот тим во секојдневните активности;
- Ќе учествуваш во презентација на производи и услуги;
- Ќе придонесуваш за позитивна атмосфера и уредност во салонот;
- Ќе учествуваш во промотивни активности и кампањи.
Кого бараме?
- Комуникативни и позитивни личности;
- Лица со желба за учење и стекнување нови вештини;
- Тимски играчи со чувство за одговорност;
- Лица со основно познавање на работа со компјутер.
Што добиваш?
- Одлична можност за прво работно искуство во водечка телекомуникациска компанија;
- Практично знаење и развој на комуникациски и продажни вештини;
- Работа во млад, енергичен и мотивиран тим;
- Можност за понатамошен професионален ангажман.
Не чекај – направи го првиот чекор во кариерата!
Испрати ни ја твојата кратка биографија (CV) и стани дел од тимот што секојдневно ги поврзува луѓето.
Мелон Солушнс Дооел е дел од Mellon Group, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.